Кина претстави беспилотно летало тешко седум тони

Сподели со своите пријатели

Кина успешно го лансираше првиот лет на целосно домашно развиениот товарен дрон „Норинко Порт“ тежок седум тони, кој е најголемиот логистички дрон во светот за транспорт на ниска надморска височина.

Авионот полета од писта долга 200 метри во покраината Хенан и за време на својот триесетминутен прв лет тестираше клучни системи, вклучувајќи авионика, електромеханички системи, погонски и системи за гориво, објави „Глобал тајмс“.

„Норинко Порт“ може да носи максимален товар од 3,5 тони и има простор за товар од 18 кубни метри, што овозможува транспорт на разни видови стока, од механички компоненти до медицински материјали и свежи производи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто Германија не ја поддржа резолуцијата за трговијата со робови?

Дронот има дострел од повеќе од 3.000 километри при полн товар, може да полетува и слетува од кратки писти и користи интелигентен систем за координација на повеќе авиони, овозможувајќи логистички операции 24/7.

Модуларниот дизајн на авионот овозможува брзо прилагодување за различни мисии, вклучувајќи итни ситуации, гранична патрола и електронско извидување.

Главниот дизајнер Генг Џианжонг изјави дека „Пост Норинко“ отвора нови можности за интегриран копнен-воздушен транспорт и го означува влегувањето на кинеската технологија за тешки товарни дронови во водечките светски редови, пренесува Танјуг.