Иран се заканува дека ќе нападне американски и израелски училишта

Сподели со своите пријатели

Иран се закани дека ќе ги нападне американските и израелските академски институции во регионот.

Тие се „легитимни цели“ по неодамнешните воздушни напади врз Технолошкиот универзитет во Исфахан и Техеранскиот универзитет за наука и технологија, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи.

Тој додаде дека се погодени и други ирански истражувачки центри.

Во соопштението насловено како „Предупредување до криминалните владетели на САД“, Иранската револуционерна гарда ги обвини „окупаторските американско-ционистички сили“ за напади врз иранските универзитети, пишува CNN.

Иранците рекоа дека „неодговорните владетели на Белата куќа треба да знаат дека, отсега, сите универзитети на окупаторскиот [израелски] режим и американските универзитети во западноазискиот регион ќе бидат легитимни цели за нас“, се наведува во извештајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бела куќа: Војната против Иран напредува „според планот“

Во соопштението се советува „сите вработени, професори и студенти на американските универзитети во регионот, како и жителите на околните области, да останат на растојание од најмалку 1 километар од тие универзитети за да ги заштитат своите животи“, објави CNN.