Неделна прогноза за Куманово: Облачно и претежно врнежливо

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу третиот степен, додека максималната дневна се очекува да достигне 11 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Почина Цвета Андоновска, партизанка од Куманово

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме исто така претежно облачно време со услови за кратки сончеви периоди со слаб до умерено засилен ветер од севере и северозапад. Температурата во утринските часови ќе се движи околу четири степени, а дневниот максимум ќе достигне до 12 степени целзиусови.

Ноќта кон среда се очекуваат врнежи од дожд.

Во среда ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 9 до максимални 14 степени целзиусови.

Облачно време со врнежи од дожд ќе имаме и во четврток. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу петтиот степен, а дневниот максимум ќе се искачи до 12 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово го совлада Кожув, но биката за плеј-оф не е добиена (ГАЛЕРИЈА)

 

 

Врнежите од дожд ќе продолжат и во петок, барем во првата половина од денот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 7 до максимални 12 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме претежно сончево време со слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се спушти до петтиот степен, а максималната дневна ќе достигне 12 степени целзиусови.

Претежно сончево време со слаба облачност ќе имаме и во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата ќе се движи од минимални 5 до максимални 16 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 30-годишен крадец од Куманово

 

 

Следната работна недела носи разведрување и температури над 20 степени целзиусови.

Никола Ивановски