Дрогата „Црна Мамба“ пристигна во Македонија

Сподели со своите пријатели

„Црна мамба“ е нова смртоносна дрога која за две години однесе 29 животи во државите во Европска унија, а веќе стигна и во Македонија и е на улиците каде може да се „набави“ за 20 евра.

Оваа синтетичка дрога сеуште не е забранета кај нас иако предизвикува неконтролирана агресија, кома и смрт, а се заснова на база на синтетички канабис.

Во Србија стигна преку Словенија и Хрватска и според сознанијата во нашата земја „масовно се дила“ затоа што се наоѓа на листата на забранети супстанци.

„Дрогата е синтетички канабиоид, и припаѓа во групата на вештачки направен канабис. Произведувачите само ја променија формулата и добија нова супстанца која не е на листата на дрогата. А се додека не е на листата, оваа дрога може да се продава без кривично гонење. За среќа, кај нас оваа листа често се ажурира, така да се надеваме дека наскоро ќе се регистрира“, вели добро известен извор.

Според експертите „црната мамба“ по конзумирањето предизвикува таква агресија, да оној кој ја користи во напад на бес останува без никаква контрола и може да убие друг човек, а во тоа се уверија и во Словенија, каде оваа дрога се појавува на улиците на Марибор, Целје и Ново место.

Марко Ницовиќ, полициски експерт објасни дека „црна мамба“ е синтетичка, евтина дрога, која е многу достапна, затоа што може да се купи за 15 до 20 евра по ќеса.

„Тоа е лоша, неквалитетна супстанца која хара низ пазарот и која најчесто ја користат оние најсиромашните, а најмногу тинејџерите. Поради лошиот состав најчесто удира на „нервниот систем, предизвикува дезориентираност, го намалува чувството на глад, предизвикува агресивност, а во текот на земањето на поголема доза може да доведе до смрт“, објасни Ницовиќ.

Криминологот Златко Николиќ смета дека оваа дрога може масовно да се користи во Србија.

„Кога ќе се појави некоја нова не и треба многу време да се распострани низ регионот. Праксата е таква штом исчезне дрогата на пазарот, дилерите мораат да смислат нешто ново и тоа да го понудат на своите клиенти. Тоа се најчесто евтини супстанци, кои тие ги мешаат со разни билки, бои и отрови, за да наркоманите помислат дека тоа е нешто ново и специфично, што што добро ќе и дојде“, најчесто таквите супстанци се кобни по животот.

Содржината е преземена од Репортер.мк

 

Loading...