20-годишна кумановка ограбена додека чекала автобус во Скопје

Сподели со своите пријатели

Дваесетгодишна девојка од Куманово вчера била ограбена додека чекала автобус на постојка во Скопје.

– На 27.03.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, А.А.А.(20) од Куманово пријави дека на 26.03.2026 околу 13:40 часот на автобуска постојка на подрачјето на Гази Баба, едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело личен накит, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маж пронајден починат во дом на улицата „Драган Стопаревиќ“