Приведен 15-годишник од Куманово поради кражби

Сподели со своите пријатели

Петнаесетгодишник од Куманово бил приведен вчера под сомнение дека извршил две кражби.

– На 27.03.2026, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека во различни временски периоди  одзел предмети од патничко моторно возило и деловен објект во Куманово.

– По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово денеска против РК Спартак