Шеесет и осумгодишник од Куманово бил пронајден починат во неговиот дом во Куманово.
– На 27.03.2026 во 17:58 часот во СВР Куманово било пријавено дека во неговиот дом на улицата „Драган Стопаревиќ” во Куманово бил пронајден починат О.М.(68) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Никола Ивановски

