МКК Куманово утре го пречекува Кожув

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре на домашен терен ќе го пречекаат Кожув во рамки на домашниот шампиотнат.

Избраниците на Марин Докузовски ќе се обидат да стават крај на низата порази кои ги имаа изминатите два натпревари кои се повеќе ги одалечуваат од местото за борба во плеј-оф завршницата.

Кожув ќе влезе во мечот исто со желба за победа со оглед на тесната разлика во бодовите кои ги имаат сите екипи.

Така гостинскиот состав моментално е на 4. позиција во табелата со 31 бод, Куманово е на шестата со 29, а меѓу нив третопозициониран е составот на Маџари со 30 поени. Сино-белите имаат и друг проблем, исто број поени имаат и Тиквеш и Чаир, а со само еден бод по нив следуваат Работнички и Феникс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Откриени 580 парчиња куршуми во автобус на ГП Табановце (ФОТО)

Утрешниот меч ќе се одигра во Спортската сала Куманово со почеток во 18 часот.

Никола Ивановски