Синоќа, израелските воздухопловни сили нападнаа ирански капацитети за производство на балистички ракети и системи за воздушна одбрана во Иран, објави денес израелската армија.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) тврдат дека во Техеран нивните авиони погодиле „инфраструктура и објекти што ги користи режимот во Техеран за производство на оружје, со акцент на објектите за производство на балистички ракети“, објавува „Тајмс оф Израел“.
Како што е наведено, на западот од Иран биле нападнати лансирни рампи и магацини за балистички ракети, „кои претставуваат закана за Државата Израел“.
Израелските одбранбени сили додадоа дека подоцна ќе дадат повеќе детали за своите напади синоќа.

