Без струја денеска повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе делови од Куманово денеска привремено ќе бидат без електрична енергија во текот на денот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 07:55 до 12:30 часот без напојување со елетрична енергија ќе останат објектите во и околу поранешната касарна „Карпош“ во Бедиње, меѓу кои и Управата за водење матични податоци.

Од 08:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Србо Томовиќ“ и „Боро Прцан“, кај училиштето „Толи Зордумис“, како и улицата „Крушевска Република“.

Во истиот период прекини ќе има и кај корисниците од улиците „Осоговска“ и „Милан Лисица“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово приведен возач со 2,72 промили алкохол

Никола Ивановски