Во Куманово приведен возач со 2,72 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Педесет и петгодишен возач бил приведен вчера попладне во Куманово откако полицијата констатирала дека возел со 2,72 промили алкохол.

– На 25.03.2026 во 16:35 часот во Општина Старо Нагоричане полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Д. (55) од село Горно Којнаре, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата. при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,72 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре повеќе делови од Куманово

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

Никола Ивановски