Израел: Го убивме командантот одговорен за блокадата на Ормутскиот теснец

Сподели со своите пријатели

Неименуван израелски функционер изјави за „Тајмс оф Израел“ дека командантот на морнарицата на Иранската револуционерна гарда, Алиреза Тангсири, е убиен во напад во иранскиот град Бандар Абас.

Според тоа тврдење, Тангсири бил одговорен за затворањето на Ормутскиот теснец, еден од клучните светски патишта за превоз на нафта.

Досега нема официјална потврда од Иран ниту коментари од израелската армија за наводниот напад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германски министер за одбрана: Оваа војна е катастрофа, Америка нема стратегија за излез“