Повеќе делови од Куманово денеска и утре привремено ќе бидат без електрична енергија во текот на денот.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 08:30 до 15:00 часот прекини ќе има на улиците „11 Ноември“ и „Трајко Додевски Јовановски“.
Во истиот период без напојување ќе бидат и улицата „Индустриска“ и населбата Бедиње.
Од 09:00 до 12:00 часот прекини ќе има кај корисниците од улиците „Васко Карангелески“ и „Видое Смилевски бато“.
Утре во период од 07:55 до 12:30 часот без напојување со елетрична енергија ќе останат објектите во и околу поранешната касарна „Карпош“ во Бедиње, меѓу кои и Управата за водење матични податоци.
Од 08:00 до 14:30 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улиците „Србо Томовиќ“ и „Боро Прцан“, кај училиштето „Толи Зордумис“, како и улицата „Крушевска Република“.
Во истиот период прекини ќе има и кај корисниците од улиците „Осоговска“ и „Милан Лисица“.
Никола Ивановски

