Димитриевски: Законот ги штити бездомните кучиња повеќе од самите граѓани (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Проблем со бездомни кучиња во Куманово има, признава градоначалникот Максим Димитриевски, но додава дека законот ги штити повеќе од самите граѓани.

– Проблем со бездомни кучиња има. Факт не само во Куманово, во цела Македонија и е многу тежок за решавање. И е резултат на постоечкиот закон којшто е на сила, којшто вашиот политички субјект го донесе, и ги заштити бездомните кучиња повеќе и од самите граѓани, рече Димитриевски одговарајќи на советничко прашање на советничката од СДСМ, Тамара Анастасовска.

Тој посочи дека општината постапува согласно законските обврски, кои вклучуваат заловување, третман и повторно враќање на кучињата на местото од каде што биле земени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел со 3,67 промили алкохол, полицијата го привела

– Согласно закон имаме обврска како Општина Куманово да ги заловиме кучињата, да бидат ставени во карантин извесен временски период, да се набљудуваат дали ќе покажат агресивност. Дополнително да се исчистат од сите паразити, да се направат анализи на крвта за евентуални заразни болести, доколку ги имаат во крвта и истите да се имунизираат дополнително да се стерилизираат да закрепнат и повторно да бидат означени со чип или како порано со минѓушка на левото или десното уво, за по истиот тој фамозен закон којшто е донесен, да се вратат на местото на заловување, рече Димитриевски.

 

 

Во однос на третманот на агресивните кучиња, нагласи дека се успиваат, но станува збор за мал број случаи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој го натепал својот малолетен син

– Сите кучиња коишто покажуваат агресивно однесување се еутанизираат или успиваат, но тоа е многу, многу мал процент на кучиња, додаде тој.

Градоначалникот информираше и за конкретни активности на терен во изминатиот период, при што биле заловени кучиња на повеќе локации низ градот.

Според него, главниот проблем не се самите бездомни кучиња, туку неодговорните сопственици.

– Главниот проблем со кучињата бездомници не се кучињата туку се сопствениците на кучиња коишто превземаат обврска да ги чуваат кучињата, не постапуваат согласно закон, не ги чипираат, не ги пријавуваат, не ги имунизираат и од моментот кога ќе им се намали интерес за тие домашни миленици да се грижат уредно за нив ги пуштаат кај ќе стигнат, изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска неколку локации во Куманово

Дополнително, како што посочи, Куманово се соочува и со прилив на кучиња од околните општини, што дополнително го усложнува проблемот.

Тој апелираше до граѓаните да ги почитуваат законските обврски при чување домашни миленици и да покажат одговорност.

Никола Ивановски