Земјотрес со јачина од 2,7 степени по Рихтер, бил регистриран денеска околу пладне на подрачјето на Македонија.
– Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 12 часот и 05 минути, беше почувствуван земјотрес од епицентралното подрачје Скопје. Неговата магнитуда изнесува 2.7 степени според Рихтеровата скала, информираат од опсерваторијата.
Земјотресот, како што велат, бил почувствуван во градот Скопје и околината со интензитет III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Никола Ивановски

