Управата за хидрометеоролошки работи најавува локално пообилни врнежи, силен ветер и пад на температурите.
Утре ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Кон крајот на денот под влијание на циклонска активност, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.
Во петок наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m 2 ) , а ќе има и услови за појава на ретки грмежи.
На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините ќе се формира нова снежна покривка.
За време на викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо со повремени врнежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Никола Ивановски

