Ракометарките на Куманово денеска го играа четвртфиналниот натпревар од Купот на Македонија.
На гостински терен избраничките на тренерот Александар Бојковски ќе се сретнат со тимот на ЖРК Пелистер 2012.
Кумановки влегуваат како фаворити во мечот. Тие се наоѓаат на четвртата позиција во табелата и само еден бод повеќе има ЖРК Вардар кој е моментално третопозиционирана екипа. Од друга страна ЖРК Пелистер е на последното место.
Победникот од овој натпревар оди директно во полуфинале.
Мечот се игра во Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток од 19 часот.
Никола Ивановски

