По повод одбележувањето на 14 април – Денот на Царинската управа, денеска (25 март 2026 година) на градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи настан „Отворен ден со Царинската управа“, со почеток во 10:00 часот и времетраење до 13:00 часот.
Посетителите ќе имаат можност одблизу да се запознаат со работата на мобилните царински тимови, како и со опремата што ја користат во секојдневното функционирање.
Во рамки на програмата предвидени се демонстрации на вештините на царинските кучиња, како и презентација на специјализирана опрема, меѓу која и скенер за товарни возила што се користи за откривање на криумчарена стока.
Од Царинската управа информираат дека целта на ваквите настани е да се доближи институцијата до граѓаните и да се подигне јавната свест за нејзината улога во заштитата на економијата и безбедноста на државата.
Никола Ивановски

