Кумановец се обидел да украде делови од паркирано возило

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен кумановец бил приведен вчера попладне при обид да украде делови од паркирано патничко возило.

– На 23.03.2026 во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Д.(34) од Куманово затоа што на бул.„Трета македонска ударна бригада“ се обидел да одземе делови од паркирано патничко возило, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски на прием по повод Денот на независноста на Грција (ФОТО)