Цената на нафтата утрово повторно се искачи над 100 долари за барел

Сподели со своите пријатели

Цената на нафтата од типот Брент утрово се искачи над 100 долари за барел, откако во понеделникот падна за повеќе од 10 проценти, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги одложи понатамошните напади врз Иран и најавата за разговори со Техеран.

Во Азија утрово, цената на нафтата од типот Брент од Северното Море се зголеми за 2,9 проценти на 102,84 долари за барел, објавија француските медиуми.

Цената на West Texas Intermediate (WTI), американскиот репер, се зголеми за 3,5 проценти на 91,20 долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес од 7,6 степени во Тихиот Океан