Со положување свежо цвеќе денеска на Спомен Костурница во Куманово свечено беше одбележан Денот на независноста, 8ми Септември.
[huge_it_gallery id=”414″]
Политички партии, невладини организации, здруженија на граѓани, училишта, борци на НОБ и граѓани денеска пред споменикот каде почиваат борците за слободна Македонија положија свежо цвеќе.
Свечен говор имаше претседателот на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски кој упати критика дека треба да си го почитуваме минатото, да ја сакаме сегашноста и да ја планираме иднината.
Веќе 25 години имаме можност да имаме независна држава, која што се стреми да ги достигне највисоките цели. Да биде составен дел на големото европско семејство и под чадорот на колективната безбедност на големите светски безбедносни системи. За жал во целиов овој период на нашата независност доживеавме голем број на опструции од одредени држави кои не сакаа да и дозволат на оваа наша држава да напредува на патот за својата борба за подобро утре на сопствените граѓани – рече Димитриевски.

