Деветнаесетгодишник од липковско бил приведен вчера попладне откако полицијата утврдила дека возел без да има положено.
– На 22.03.2026 во 16:10 часот во с.Никуштак, општина Липково, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ф.Л.(19) од с.Виштица, липковско, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „фолксваген поло“, управувано од Ф.Л. и по преземени мерки било констатирано дека го управувал без положен возачки испит.
– По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.
Никола Ивановски

