Моџтаба Хамнеи е ранет, изолиран и не одговара на пораките?

Сподели со своите пријатели

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е „ранет, изолиран и не реагира на пораки“, изјавија американски и израелски безбедносни претставници за „Вашингтон пост“.

Според израелски претставници, Корпусот на Исламската револуционерна гарда и некои свештеници го зајакнале својот притисок врз Иран.

Порталот „Аксиос“ објави во саботата дека Централната разузнавачка агенција на САД, израелскиот Мосад и други разузнавачки тела работат на пронаоѓање на Хамнеи, бидејќи тој останал „невидлив“ откако беше прогласен за нов врховен лидер по атентатот врз неговиот татко Али Хамнеи на 28 февруари, пренесува „Танјуг“.

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, на 13 март тврдеше дека Моџтаба Хамнеи е „ранет и можеби обезличен“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стармер: Нема проценки дека континентална Британија е цел на Иран

Моџтаба Хамнеи беше назначен за нов врховен лидер на Иран на 8 март и оттогаш не се појави во јавноста, а дури на 12 март, четири дена по неговото назначување, испрати писмена порака преку иранските државни медиуми во која го најавува продолжувањето на блокадата на Ормутскиот теснец.