Пилотот и копилотот загинаа во понеделник вечерта откако авион на „Ер Канада експрес“ се судри со противпожарно возило при слетување на аеродромот Ла Гвардија во Њујорк, објавува „Скај њуз“.
Познато е дека станува збор за двомоторен млазен авион „ Bombardier CRJ-900“, кој доаѓал од Монтреал.
Според извештаите, на летот имало 72 патници и четири члена на екипажот.
Тој се судрил со возилото на пистата број четири околу 23:45 часот по локално време во недела, односно 4:45 часот наутро по средноевропско време.
Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) издаде забрана за полетување за сите авиони на тој аеродром до 6:30 часот наутро по средноевропско време, а потоа додаде дека пристаништето може да остане затворено до 19:00 часот.

