ЖРК Куманово утре го пречекува составот на ЖРК Вардар

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово утре го пречекуваат составот на ЖРК Вардар во рамки на 18. коло од женската Супер лига на Македонија.

Избраничките на тренерот Александар Бојковски ќе се обидат да ја искористат предноста на домашниот терен против екипата на Вардар, која е само едно место над кумановки во табелата од домашниот шампионат.

Мечот се игра во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“, со почеток од 18 часот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 44-годишен кумановец кој ја натепал својата сопруга