Без струја во понеделник, вторник и среда голем дел од Куманово

Сподели со своите пријатели

Поголем дел од Куманово во понеделник, вторник и среда привремено ќе биде без електрична енергија поради најавени прекини од ЕВН Македонија.

Понеделнк

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи во понеделник (23. март) во период од 06:00 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат улиците „25ти Февруари“, „Ленинова“, „Париска комуна“, „Партизанска“, „Иво Лола Рибар“ (скопски дуќани).

Во истиот период прекини ќе има и на улиците „Прохор Пчински“, „Димитар Влахов“, „Наум Охридски“, „Панче Пешев“  и „Пионерска“.

Во период од 08:00 до 14:30 часот прекини ќе има и на улицаите „Србо Томовиќ“ и „Боро Прцан“ кај училиштето „Толи Зордумис“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово утре го пречекува составот на ЖРК Вардар

Без струја во истиот период ќе бидат и улиците „Осоговска“, „Крушевска Република“ и „Сава Ковачевиќ“.

Во период од 08:30 до 14:00 часот без напојување со електрична енергија ќе биде и селото Старо Нагоричане.

Вторник

Во период од 08:30 до 12:30 часот во вторник без електрична енергија ќе останат користниците од населбата Бедиње во Куманово.

Во истиот период прекини ќе има кај дел од објектите лоцирани во дворот на поранешната касарна „Христијан Карпош“.

Од 08:30 до 12:30 часот во вторник без струја ќе бидат и корисниците од улицата „11ти Ноември“.

Среда

Прекините продолжуваат и во среда. Така во период од 08:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците  „Сава Ковачевиќ“, „Милан Лисица“, Крушевска Република“ и „Осоговска“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 44-годишен кумановец кој ја натепал својата сопруга

Во истиот период без напојување со електрична енергија ќе останат и објектите на улиците „Боро Прцан“ и „Србо Томовиќ“ кај училиштето „Толи Зордумис“.

Никола Ивановски