Москва останува верен пријател и сигурен партнер на Иран, изјави рускиот претседател Владимир Путин во својата честитка по повод празникот Новруз.
„Путин му посака на иранскиот народ достоинствено да ги надмине овие тешки искушенија и нагласи дека во овие тешки времиња, Москва останува верен пријател и сигурен партнер на Техеран“, соопшти прес-службата на Кремљ.
Путин им го честиташе Новруз на врховниот лидер Моџтаба Хамнеи и на претседателот Масуд Пезешкијан.
Тој, исто така, упати честитки до претседателите на Азербејџан, Казахстан, Киргистан,Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан.
Норуз, персиската Нова Година, го означува првиот ден од пролетта и почетокот на годината според иранскиот календар.
Норуз (преведен од фарси како „нов ден“) е еден од најстарите празници што го слават народите на Централна Азија, Блискиот Исток и Кавказ.

