Трамп размислува за намалување на воените операции на Блискиот Исток

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација размислува за „намалување“ на воените операции на Блискиот Исток, иако Соединетите Американски Држави (САД) објавија дека испраќаат повеќе воени бродови во регионот, а Иран се закани дека ќе нападне туристички места низ целиот свет.

„Многу сме блиску до исполнување на нашите цели бидејќи размислуваме за намалување на нашите големи воени напори на Блискиот Исток во однос на терористичкиот режим на Иран“, напиша Трамп доцна синоќа на мрежата Truth Social.

Тој додаде дека Ормутскиот Залив „ќе мора да биде чуван и контролиран, доколку е потребно, од други нации што го користат“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран испали ракети кон 4.000 километри одалечена американска база

„Доколку биде побарано, ќе им помогнеме на овие земји во нивните напори во врска со Ормутскиот Залив, но тоа не би требало да биде потребно откако ќе се искорени иранската закана. Важно е што тоа ќе биде лесна воена операција за нив“, напиша Трамп.

Од почетокот на американско-израелската акција и поширокиот конфликт на Блискиот Исток, повеќе од 1.300 луѓе загинаа во Иран, повеќе од 1.000 луѓе во Либан, 15 во Израел, а 13 припадници на американската војска загинаа во регионот.

Милиони луѓе во Либан и Иран се раселени.