Претрес во Куманово, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишен кумановец бил приведен вчера попладне откако полицијата во неговиот дом пронашла наркотици.

– На 19.03.2026 во 16:00 часот во Куманово,  полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ф.Т. (30) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, била пронајдена бела прашкаста материја.

– Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово против Пелистер во четвртфиналето од Купот на Македонија