Кошаркарите на Куманово денеска на домашен терен го пречекуваат составот на ТФТ во рамките на 19. коло од домашниот шампионат.
Станува збор за заостанат и последен натрепвар кој треба да го комплетира 19. коло, а кој беше одложен поради обврските на ТФТ во АБА-2 лигата.
Избраниците на тренерот Марин Докузовски денеска ќе имаат тежок протовник, оној кој не е научен да губи оваа сезона и има само еден пораз од МЗТ Скопје Аеродром.
По убедливиот пораз од Пелистер на гостински терне во претходното коло, кумановци имаат потреба од победа оти се спуштаат надолу во табелата, а со тоа се намалуваат шансите за учество во пелј оф завршницата.
Денешниот меч започнува во 18 часот во Спортската сала во Куманово.
Никола Ивановски

