Дојава за бомба во училиште во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дојава за бомба денеска била упатена на електронска адреса на основно училиште до Куманово.

– Денеска (19.03.2026) околу 12:50  часот во СВР Куманово е пријавено дека на електронска  адреса на  основно училиште во Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа, велат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, дојавата била лажна.

– Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки, извршени се проверки и констатирано е дека се работи за лажна пријава, велат од СВР Куманово.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Штипјани приведени во Куманово: Возачот имал забрана, а сопатниците наркотици

Од полицијата не прецизираат за кое училиште станува збор, но неофицијално дојавата стигнала на мејл адресатана ООУ „Крсте Мисирков“.

Никола Ивановски