Работник од Скопје тешко повреден во Куманово

Сподели со своите пријатели

Шеесет и тригодишник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди при извршување работни задачи во Куманово.

– На 18.03.2026 во 18.59 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди за укажување лекарска помош бил донесен С.М.(63) од Скопје, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, тој бил ангажиран преку правно лице од Скопје и се здобил со повредите при извршување работни задачи за поправка на товано возило на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ во Куманово.

– Увид извршила екипа од СВР Куманово во присуство на трудов инспектор, стои во соопштението на полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Североистокот без засолниште за жртви на семејно насилство – Куманово има само советувалиште (ВИДЕО)

Никола Ивановски