Штипјани приведени во Куманово: Возачот имал забрана, а сопатниците наркотици

Сподели со своите пријатели

Три лица од Штип биле приведени затоа што во возилото имале наркотици, а возачот имал активна забрана за управување возило.

На 18.03.2026 во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода В.В.(34), Р.М.(30) и В.Ј.(22), сите од Штип, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при преглед на патничко моторно возило „ауди“, во кое се превезувале, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

По преземени мерки било утврдено дека возачот Р.М. има активна забрана за управување возило од Б категорија, велат од полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Североистокот без засолниште за жртви на семејно насилство – Куманово има само советувалиште (ВИДЕО)

Тие биле приведени во полициска станица, а како што стои во соопштението, по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Никола Ивановски