Кумановската полиција лани извршила 330 контроли во угостителски објекти

Сподели со своите пријатели

Вкупно 330 контроли минатата година извршила полицијата во Куманово низ угостителски објекти, покажува годишниот извештај на Полициската станица од Општа надлежност.

Освен во угостителските објекти, полицијата вршела проверки и во кабареа, дискотеки, кафеани, гостилници, кафе-барови,  казина и  спортски обложувалници.

– Контролирани се вкупно  253 угостителски објекти, 38 казина, 37 спортски обложувалници и два гејмерски клуба, рече Томислав Додевски, началник на ПС од ОН Куманово, на последната седница на Советот на Општина Куманово.

При извршените контроли биле констатирани еден прекршок по член 21 од ЗППЈРМ, односно овозможување присуство на малолетни лица во угостителски објекти после 24 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Продолжува реконструкцијата на „Моша Пијаде“, сообраќајот ќе се одвива отежнато

Биле затекнати 11 малолетни лица во угостителски објекти после полноќ.

При контролите биле констатирани едно кривично дело „Точење алкохолни пијалаци на малолетници“ по член 204 од КЗ на РСМ каде било затекнато едно малолетно дете кое консумира алкохол.

Никола Ивановски