Моџтаба Хамнеи: Не е вистинско време за мир додека САД и Израел не паднат на колена

Сподели со своите пријатели

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, ги отфрли предлозите за намалување на тензиите или прекин на вооружениот конфликт со Соединетите Американски Држави (САД), што Техеран ги доби преку две земји-посредници, изјави денес висок ирански функционер, пренесува Ројтерс.

Ставот на Хамнеи за одмазда кон САД и Израел беше „многу строг и сериозен“ на неговиот прв состанок за надворешна политика, рече неименуваниот функционер, кој не прецизираше дали Хамнеи лично присуствувал на состанокот.

Истиот извор објави дека врховниот лидер рекол дека „не е вистинско време за мир додека САД и Израел не паднат на колена, не го прифатат поразот и не платат отштета“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Туск: Полска нема да испраќа војници на Блискиот Исток

Три извори изјавија за Ројтерс на 14 март дека американската администрација ги отфрлила напорите на сојузниците од Блискиот Исток да започнат дипломатски разговори насочени кон прекин на војната во Иран.

Од почетокот на војната меѓу САД и Израел против Иран на 28 февруари, најмалку 2.000 луѓе се убиени, а крајот на конфликтот не е на повидок.

Ормутскиот теснец, низ кој минува една петтина од светската нафта, е затворен, а сојузниците на САД го отфрлија барањето на американскиот претседател Доналд Трамп за помош за да се одржи отворен, што имаше влијание врз зголемувањето на цените на енергијата и зголемените стравувања од инфлација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот носач на авиони горел повеќе од 30 часа?