Кумановец и скопјанец заболеле од маларија по патување во Занзибар и Сиера Леоне

Сподели со своите пријатели

Две лица, од Куманово и Скопје минатиот месец биле заболени со маларија, покажуваат инвештаите на Институтот за јавно здравје за месец февруари.

Како што се додава од ИЈЗ, пријавените случаи на маларија се од Скопје и Куманово, на возраст од 40-60 години, со историја на патување во Занзибар и Сиера Леоне.

– Случаите беа третирани во болнички услови, а испишани се во добра општа состојба, стои во извештајот.

Маларија, инаку е сериозна заразна болест предизвикана од паразити кои најчесто се пренесуваат преку убод од заразен комарец.

Првите симптоми се јавуваат најчесто 10–15 дена по инфекцијата, како висока температура, главоболка, болки во мускули, мачнина, повраќање и замор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Деца од Куманово испиле течност за земјоделски култури, пренесени на скопските клиники

Болеста може да биде комплицирана и доколку не се третира навреме може да предизвика сериозни последици, па и смрт.

Најчесто е застапена во области како Субсахарска Африка, Југоисточна Азија и Јужна Америка.

Се лекува со специјални антималарични лекови.

Никола Ивановски