Европската Унија ќе испрати хуманитарна помош на Блискиот Исток во износ од 458 милиони евра, како одговор на конфликтите во тој регион, изјави денес комесарката на ЕУ задолжена за хуманитарни кризи, Хаџа Лахиб.
„На Блискиот Исток, кој е разорен од војна, Европската Унија го зголемува своето присуство, додека другите се повлекуваат“, изјави Лахиб, според Ројтерс.
Таа не прецизираше за кои цели ќе се користи хуманитарната помош.
На Блискиот Исток, во моментов се во тек конфликти во Либан, каде што се во тек израелски операции против либанското милитантно проиранско движење Хезболах, како и во Иран, кој ги нападна Соединетите Американски Држави и Израел, на што Иран возврати со напади врз соседните земји, наведувајќи дека тие се цели поради американското присуство.

