Повторно голем скок на цените на горивата во Македонија

Сподели со своите пријатели

Горивата во Македонија од ноќеска ќе се продаваат по нови, повторно значително поскапи цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетија.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека со нејзините Одлуки се регулираат максималните цени на нафтените деривати и трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Максималните малопродажни цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 7,00 ден/лит.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Деца од Куманово испиле течност за земјоделски култури, пренесени на скопските клиники

Максималната малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,50 ден/лит.

Максималната малопродажна цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 4,867 ден/кг и сега ќе изнесува 47,453 ден/кг.

Денешната одлука за максималните цени на нафтените деривати е резултат на растот на берзанските цени на нафтените производи, како и континуираниот раст на доларот во однос на денарот во изминатиот петдневен период.

Од 17.3.2026 година од 00:01 часот максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин            ЕУРОСУПЕР БС – 95         86,50 (денари/литар)

Моторен бензин            ЕУРОСУПЕР БС – 98         88,50 (денари/литар)

Дизел гориво    ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  92,00 (денари/литар)

ПРОЧИТАЈТЕ И:  При претрес кај кумановец пронајдени повеќе видови дрога (ФОТО)

Масло за горење

Мазут М-1 НС    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)     89,50 (денари/литар)

47,453 (денари/килограм)

Истовремено РКЕ им укажува на нафтените компании да ги намалат малопродажните цени за 2 денари по литар, согласно договорениот попуст од страна на Владата со главниот добавувач ОКТА, со што ќе овозможат бенефитот од ова намалување директно да го почувствуваат граѓаните.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 16,964%, кај дизелот за 11,714%, кај екстра лесното масло за 13,059% и кај мазутот зголемувањето е за 14,591%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,8453%.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово се пласираше во четвртфиналето од Купот на Македонија

Со оваа одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,98% во однос на одлуката од 9.3.2026 година, цените на нафтените деривати остануваат најниски во регионот и Европа.