Епидемија на менингитис во Британија, две лица починаа

Сподели со своите пријатели

Студент на Универзитетот во Кент и средношколец починаа од менингитис во епидемија што се прошири во областа Кантербери во Велика Британија, додека 11 други лица се хоспитализирани и се во сериозна состојба, објавува денес Скај њуз.

Се проценува дека поголемиот дел од хоспитализираните поради менингитис се на возраст меѓу 18 и 21 година, а некои се студенти.

Агенцијата за безбедност на здравјето на Велика Британија (UKHSA) соопшти дека контактирала со повеќе од 30.000 студенти, персонал и нивните семејства за да ги информира за епидемијата, а на жителите на одредени студентски сместувачки блокови им било кажано да почнат да земаат антибиотици без одложување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британија размислува за испраќање дронови во Ормутскиот теснец

Менингитисот е инфекција на заштитните мембрани што го опкружуваат мозокот и ‘рбетниот мозок и може да биде сериозна ако не се лекува веднаш.

Се испитува можноста епидемијата да е поврзана со општествен настан во Кантербери на кој присуствувале некои од болните, објавува Танјуг.

Сите случаи на менингитис се откриени во последните два дена.