Викенд прогноза за Куманово: Сончево и со пролетни температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи околу еден степен, додека максималната дневна се очекува да достигне 19 степени целзиусови.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец подолг период физички и психички ја малтретирал сопругата

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југ.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, а дневниот максимум ќе достигне 17 степени целзиусови.

 

 

Во недела ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.

Минималнта температура ќе се спушти околу нулата, а максималната се очекува да достигне 17 степени целзиусови.

 

 

Претстојната работна недела ќе има и пад на температурите.

Никола Ивановски