Кумановец подолг период физички и психички ја малтретирал сопругата

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четиригодишен кумановец бил приведен вчера по пријава дека подолг период физички и психички ја малтретирал сопругата.

– На 11.03.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Д.(44) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека подолг временски период ја малтретирал физички и психички неговата 46-годишна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово загуби од Пелистер со 30 поени разлика