Цели на иранската армија се само базите што се користат за напади врз иранска територија, изјави денес иранскиот претседател Масуд Пезешкијан за време на телефонскиот разговор со пакистанскиот премиер Шебаз Шариф.
Тој истакна дека Иран не сака да влезе во конфликт со земјите во регионот, пренесува Ројтерс.
И покрај ова, Заедничката воена команда на Иран соопшти дека банките и другите финансиски институции на Блискиот Исток се легитимни цели за ирански напади.
„Во таква нелегитимна и неконвенционална војна, непријателот ни даде зелено светло да ги таргетираме економските центри и банките што им припаѓаат на Соединетите Американски Држави и ционистичкиот режим. Американците можат да очекуваат болна одмаздничка акција од нас“, објави командата.
Според извештаите, од цивилите во регионот на Блискиот Исток било побарано да останат на околу еден километар оддалеченост од зградите на банките, пренесува Танјуг.

