Централната команда на САД (CENTCOM) објави видео преку ноќ за кое тврди дека покажува неколку ирански воени бродови уништени од американските напади, објави Би-Би-Си во среда.
CENTCOM вели дека 16 поставувачи на мини во близина на Ормутскиот теснец биле меѓу целите „елиминирани“ во вторникот.
Генералот началник на здружениот штаб на американската армија, Ден Кејн, изјави за време на брифингот во Пентагон во понеделник дека уништувањето на иранската морнарица е меѓу трите клучни цели на операцијата „Епски бес“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно се закани дека ќе ги уништи сите ирански бродови што ќе се обидат да го минираат Ормутскиот теснец – клучен меѓународен бродски канал на Блискиот Исток каде што контејнерските бродови станаа цел на напади.
Американско-израелската војна против Иран и одмаздата на Техеран го запреа сообраќајот низ Ормутскиот теснец, низ кој нормално поминува една петтина од глобалната нафта и течен природен гас.
Снимките објавени од CENTCOM на X покажуваат бродови од различни големини како експлодираат откако ќе бидат погодени од ракети.
Товарен брод беше евакуиран во Ормускиот теснец откако беше погоден од „непозната ракета“, објави UKMTO.
Инцидентот, кој се случил 11 наутички милји северно од Оман и бил пријавен во 04:35 часот по Гринич, се вели дека резултирал со пожар на бродот.
UKMTO претходно објави за посебен инцидент на друга локација во Ормускиот теснец во кој контејнерски брод бил погоден од „непозната ракета“.
U.S. forces eliminated multiple Iranian naval vessels, March 10, including 16 minelayers near the Strait of Hormuz. pic.twitter.com/371unKYiJs
— U.S. Central Command (@CENTCOM) March 10, 2026

