Фото клуб Куманово со награди од фестивали во Босна и Косово
On:
Сподели со своите пријатели
Во изминатиот период членовите на Фото Клуб Куманово се закитија со неколку награди на меѓународно ниво од повеќе изложби на кои тие зедоа активно учество.
На излобата Infinity 2016 одржана во Босна и Херцеговина награди освоија Владимир Јовановски (MOL златен медал и PSA диплома), Марина Крстиќ (MOL диплома) и Жаклина Стефановска (MOL диплома).
Жаклина Стефановска исто така освои и MOL диплома за учеството на Photo Magic 2016 во Босна и Херцеговина.
Александар Драгишевски и Марина Крстиќ беа добитници на дипломи на фото фестивалот Лепосавиќ во Косово.
Исто така во тек се и пријавувањата за бесплатната фото школа што ја организира Фото Клуб Куманово и истите ќе траат до 15-ти септември.