ИРАК ПОТОНА ВО МРАК: Целата држава остана без струја!

Сподели со своите пријатели

Ирачкото Министерство за енергетика објави дека целата земја останала без електрична енергија.

Во соопштението, Министерството за електрична енергија изјави дека „електроенергетскиот систем целосно престанал да работи во сите ирачки провинции“.

Тие додадоа дека властите во моментов ги истражуваат причините за прекинот и започнуваат процедури за рестартирање на електраните и повторно поврзување на исклучените далноводи, објави Анадолу.

Делови од земјата беа нападнати во последните денови откако избувна конфликтот меѓу Израел, САД и Иран.

Ирак почна да го намалува производството на нафта поради полните капацитети за складирање и е подготвен дополнително да го намали производството за околу три милиони барели дневно ако кризата во Ормутскиот теснец продолжи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Локации на ЦИА во Ирак и Саудиска Арабија погодени со дронови

Во целосен прекин е електричната енергија и во Куба.