Дваесет и деветгодишна кумановка вчеравечер пријавила дека била физички нападната од своите сопруг и свекор.
– На 03.03.2026 во 23:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Р.Б.(33) и неговиот татко Н.Б.(60), двајцата од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа во Куманово физички ја нападнале 29- годишната сопруга на Р.Б., информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски

