Бројот на жртви на сите страни од почетокот на последниот конфликт на Блискиот исток не престанува да расте.
Од израелско-американскиот напад врз Иран, во оваа земја до овој момент загинаа 787 луѓе, а неколку илјади од нив се повредени.
Во Либан, пак, загинаа 40 лица, а 246 од нив се полесно и тешко повредени.
Досега во Израел загинаа 11 лица, додека неколку илјади се повредени.
Шест американски војници загинаа, а 18 беа повредени.
Бројни други земји во регионот, како Ирак, Кувајт, Јордан, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Катар, исто така претрпеа штети во инфраструктурата и човечки жртви од почетокот на војната.
Инаку, Катар утринава бил цел на две ирански балистички ракети, соопшти Министерството за одбрана на земјата.
Еден од овие проектили беше пресретнат од катарските системи за противвоздушна одбрана, а другиот ја погоди американската воздухопловна база Ал Удаид – најголемата американска база во регионот.
Нема жртви, соопшти Катар.

