Европските берзи повторно се отворија утрово во „црвено“, под притисок на растечките цени на енергијата, особено на европскиот природен гас, на четвртиот ден од нападите на САД и Израел врз Иран.
Париската берза падна за 1,47 проценти, Франкфуртската берза за 1,91 процент, Лондонската берза за 1,21 процент, а Миланската берза за 2,14 проценти, објавија светските медиуми.
Во меѓувреме, суровата нафта Брент порасна за повеќе од четири проценти на 81 долар (70 евра) за барел во азиската трговија денес, додека West Texas Intermediate порасна за 3,99 проценти на 74 долари (64 евра) за барел.

