Либан: Над 50 мртви во израелските напади

Сподели со своите пријатели

52 лица се убиени, а 154 ранети во тековните израелски напади врз упориштата на шиитското движење Хезболах во Либан, објавија вечерва либанските власти нов биланс на жртви.

Во претходниот биланс се споменуваше бројот од 31 смртен случај и 149 ранети.

Нападите врз јужните предградија на Бејрут, како и југот и истокот на земјата, раселија повеќе од 28.500 луѓе, соопшти либанската канцеларија за управување со катастрофи.

Либанската влада претходно денес објави дека ги прогласува воените активности на Хезболах за нелегални и ја повика исламистичката група поддржана од Иран да „го предаде своето оружје“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стармер: Велика Британија нема да се придружи на нападите на САД и Израел

Владата ѝ нареди на армијата да спречи напади врз Израел и да го конфискува оружјето на Хезболах.

Либанската влада го осуди ракетниот напад на Хезболах врз Израел во неделата и додаде дека тој „е во спротивност со принципот дека само државата Либан може да одлучи за учество во војната“.