Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати денес објави дека пресретнало девет балистички и шест крстосувачки ракети, како и 148 дронови лансирани од Иран.
Според извештаите, вкупно 174 балистички ракети, осум крстосувачки ракети и 689 дронови биле користени во нападите лансирани од Иран кон Емиратите од саботата, што ја прави оваа земја најцелна на Техеран меѓу земјите од регионот на Персискиот Залив.
Емиратите објавија дека пресретнале 161 балистичка ракета, додека 13 од нив паднале во морето, како и осум крстосувачки ракети, објави CNN.
Исто така, беа пресретнати 645 дронови, а 44 паднаа на територијата на Емиратите.
Во иранските напади загинаа три лица, а 68 беа повредени, објави министерството.
Како што е наведено, ова претставува стапка на пресретнување од над 90 проценти, а во тие операции биле користени противвоздушните ракети на Емиратите, THAAD, како и американските ракети Patriot.
Како што објави Си-Ен-Ен, утрото се слушнале неколку експлозии во Дубаи и Абу Даби, но потоа ситуацијата се смирила, пренесува Танјуг.

